На Тудор му се подготвува отказ, Тотнем има листа на негови можни наследници!

Наскоро се очекува Тотнем да направи нова тренерска смена, Игор Тудор да добие отказ, а на негово место да дојде тренер кој ќе има задача да избори опстанок во Премиер лигатa.

Тудор како тренер на Тотнем има четири порази од исто толку натпревари, а ова коло во Премиер лигата му гостува на Ливерпул, потоа следува реваншот со Атлетико Мадрид.

Распоредот не оди во прилог на Хрватот и тешко да се дојде до победа на овие два меча.

Наводно раководството на Тотнем веќе ги прави плановите за нов тренер, а како прва желба им е Роберто Де Зерби.

Сепак италијанскиот стратег се верува дека е тешка опција во овој момент иако тој е слободен тренер по заминувањето од Марсеј.

На листата имаат неколку тренери, а одлуката треба да биде донесена наскоро.