Некогаш најубавата тенисерка, си најде нова работа! (ФОТО)

Поранешната канадска тенисерка, Евгени Бушар која има само 32 години, но лани одлучи да се пензионира, му се врати на тенисот, но сега во друга улога, дебитираше како тениска коментаторка.

Откако се пензионираше од активно играње тенис, Бушар уживаше со месеци патувајќи низ светот. Канаѓанката заврши со одморот и се врати на работа.

Официјално стана тениска коментаторка, а нејзиното деби беше на Индијан Велс.

На Инстаграм таа сподели и неколку фотографии од своето ново работно место и напиша: „Ризично од нивна страна што ми го дадоа микрофонот“.

Но, ова не е нејзина прва работа на телевизија. Во 2021 година додека се опоравуваше од операција, работеше како аналитичкарка од студио.