Менаџментот одлучил: Познато е кој ќе биде тренер на Интер идната сезона

Романскиот стручњак Кристијан Киву доби нова доверба од раководството на Интер и клупските легенди.

„Ла Газета дело Спорт“ на својата насловна страница објавува дека Интер го насочува вниманието кон Романецот и дека нема сомнение дека тој ќе биде на клупата на лидерот во Серија А следната сезона. Се подготвува обновување на договорот, кој истекува во 2027 година.

Вториот пораз во миланското дерби, со ист резултат како во првиот натпревар (0-1), ја намали неговата предност на врвот на табелата во Серија А на седум бода во однос на Милан. Сепак, ова во никој случај не го намалува впечатокот што го остави во својата дебитантска сезона на чело на Интер, ниту мислењето формирано во деветте месеци откако беше избран од челниците на клубот.

Во најавата за натпреварот од 29-то коло од италијанското првенство со Аталанта, кој е закажан за „Џузепе Меаца“ денеска од 15 часот, Газета пишуваше за ситуацијата на Кристи Киву.

„Интер гласа за Киву. Клубот го штити, обновата на договорот е готова. Само играчите на Интер се под лупа, кои сега имаат можност да се одмаздат по дербито“, пишува Газета дело спорт.

Истиот авторитетен извор објасни дека иднината на тренерот не се дискутира и дека нема сомнение дека тој ќе биде на клупата во сезоната 2026/27 и дека се стреми да го продолжи маршот кон Скудетото против Аталанта.