Се менуваат плановите - Барселона може да не ја плати откупната клаузула за Рашфорд
Напаѓачот беше позајмен од „црвените ѓаволи“ минатото лето и досега е во одлична форма, постигнувајќи 10 гола и 13 асистенции во 38 натпревари. Тој има откупна клаузула од 30 милиони евра во договорот, но шпекулациите во локалниот печат продолжуваат да тврдат дека „Камп Ноу“ ќе се обиде да ја намали цената на играчот. Самиот Лапорта предложи да се плати само дел од таа сума и да се продолжи закупот на играчот.
„Можеме да го продолжиме и закупот, зависи од тоа што сака Деко. Постојат различни формули. На пример, плаќање на дел од опцијата за купување од Манчестер Јунајтед, а потоа ќе видиме. Тој има добра статистика во однос на головите, дава добри сигнали и ова е важна основа“, рече Лапорта.
Од своја страна, печатот во Англија е категоричен дека шефовите на „црвените ѓаволи“ немаат намера да ја намалат цената на играчот и ќе бидат апсолутно категорични против ваквите обиди на Каталонците.