Потврдено: Ѓоковиќ се враќа на терените!
По поразот во осминафиналето на Индијан Велс, Ѓоковиќ одлучи да ги прескокне турнирите во Мајами и Монте Карло, а сега е потврдено дека се враќа овој месец. Покрај српскиот ас во шпанската престолнина ќе настапат и Јаник Синер и Карлос Алкараз.
Минатата година Ѓоковиќ настапот во Мадрид го заврши уште во второто коло во кое беше елиминиран од Матео Арналди.
Последен пат овој турнир Ѓоковиќ го освои во 2019 година, а вкупно зад себе има три титули во главниот град на Шпанија. Турнирот во Мадрид почнува на 22 април, а ќе се игра до 3 мај.
Фото: EPA