Луд старт: Нојер направи голема глупост, па Лунин возврати со кикс! (ВИДЕО)

По само неколку минути игра на Алијанц Арената, Баерн Минхен и Реал Мадрид постигнаа по еден гол благодарение на голмански киксови.

Најголемиот го направи Мануел Нојер кој буквално му подари погодок на Арда Ѓулер по само неколку секунди игра.

Брзо потоа израмни Павловиќ откако Лунин киксираше по еден корнер на Баерн Минхен.