Ривалот на Вардар го тресна ПСЖ и се пласира во финалето на францускиот Куп!

Монпелје ќе игра во финалето од Францускиот куп откако денеска го совлада најдобриот тим во Франција, големиот ПСЖ со 39-35.

Монпелје е последната пречка на Вардар на патот до фајнл-фор турнирот од Европската лига, а денеска овој тим докажа колку е квалитетен откако го совлада ПСЖ.

Парижаните водеа по првото полувреме со 19-18, но Монпелје одигра одличен втор дел кој го доби со убедливи 21-16 и дојде до триумф од 39-35.

За пехарот од купот Монпелје ќе се бори против Нант кој со 35-30 беше подобар од Ним.

Првиот четвртфинален дуел меѓу Монпелје и Вардар се игра на 28 април во Франција, а реваншот е на 5 мај во Скопје.