Ѓоковиќ дозна кога го игра мечот од третото коло на Ролан Гарос

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ ќе го игра мечот од третото коло на Ролан Гарос против Жоао Фонсека во дневен термин.

Организаторите на Ролан Гарос го објавија распоредот за петок, а дуелот меѓу Ѓоковиќ и Фонсека нема да почне пред 15.30 часот.

Во вечерниот термин од 20.15 часот на централниот терен се очекува дуел меѓу Квентан Халис и Александер Зверев.