Крај на традицијата: Доделувањето на „Златната топка“ ќе биде во Лондон

Церемонијата на доделување на „Златната топка“, престижна награда која ја добиваат најдобрите фудбалери и фудбалерки, ќе се одржи на 26 октомври во Лондон со што ќе биде прекината долгогодишната традиција за одржување во Париз.

Организаторите соопштија дека ќе биде направена промена на домаќинот за доделувањето на јубилејната 70. „Златна топка“.

Межу главните кандидати за освојување на наградата е англискиот напаѓач Хари Кејн, кој постигна 61 гол на 51 натпревар оваа сезона.

Фаворитка кај фудбалерките е Аитана Бонмати, иако пропушти голем дел од сезоната, но се врати и помогна за успешна сезона на Барселона.