Историја: Полска и Аргентина го одиграа најдолгиот сет во одбојка!

Натпреварот меѓу Полска и Аргентина во Лигата на нации започна на неверојатен начин, и тоа со најдолгиот сет (50-48) во одбојка на репрезентативно ниво.

Аргентина го освои сетот со 50-48, иако домаќинот имаше дури 14 сет-топки, но не искористи ниту една против „гаучосите“.

Вилфредо Леон освои дури 15 поени за Полска, додека Армоа Морел донесе 10 поени за Аргентина.

Претходниот рекорд бил на Катар, кој со 45-53 славел против Венецуела во 2017 година.

Фото: Polska Siatkówka