Претседателот на Јужна Кореја бара истрага по неуспехот на СП

Фудбалската репрезентација на Јужна Кореја го заврши настапот на Светското првенство (СП) во саботата, откако не успеа да обезбеди пласман во нокаут-фазата.

Јужна Кореја освои три бодови во три натпревари, а овој неуспех предизвика реакција од претседателот на земјата, Ли Џае Мјунг.

„Со оглед на тоа дека голем број национални средства на даночните обврзници и ресурси на државата беа вложени за учеството на Светското првенство, барам од министерството за култура, спорт и туризам да направи истрага за овој неуспех“, кажа првиот човек на земјата.

Фото: Korea Football Team