Алонсо подготвил одмазда за Реал - ќе му расипе планиран трансфер!

Новиот тренер на Челси, Чаби Алонсо очигледно не е во најдобри односи со управата на Реал Мадрид, откако го избркаа во текот на минатата сезона, а тоа го покажува и неговиот наводен план.

Англиските медиуми пишуваат дека Алонсо ќе му расипе планиран трансфер на Реал Мадрид, кој сакаше да го купи Енцо Фернандез од Челси за 140 милиони евра.

Алонсо наводно веќе разговарал со Аргентинецот и му кажал дека ќе биде важен дел од неговиот тим, односно не планира да го пушти да замине.

Енцо претходно „флертуваше“ со шпанскиот гигант, но овој потег на неговиот нов тренер би можел да ги смени плановите.

Фото: Chelsea FC