Познати составите на Англија и Франција во борбата за трето место на СП (ФОТО)

Фудбалерите на Англија и Франција вечерва од 23 часот ќе се борат за третото место на Светското првенство (СП).

Натпреварот меѓу големите ривали ќе се игра во Мајами, а тренерите Дидие Дешан и Томас Тухел решија да направат одредени промени во составите.

Англија ќе тргне со Хендерсон, Конса, Геи, Спенс, Рајс, Рашфорд, Роџерс, Езе, Сака и Тони.

Франција ќе игра со Мењан, Густо, Конате, Лакроа, Ернандез, Заир-Емери, Рабио, Олисе, Шерки, Дуе и Мбапе.

Фото: England football team