Македонија ја декласира Холандија: Младинците ќе се борат за деветто место на ЕП
Холандија имаше водство на почетокот од натпреварот (23-16), но Македонија потоа ја презема контролата и доминираше на паркетот, па така на полувремето замина со предност од 48-34.
Македонија продолжи да доминира во второто полувреме и да го полни кошот на Холандија за на крајот да слави со 89-60.
Најефикасен во македонскиот тим беше Ќириловски со 18 поени и шест скокови, додека Марјановиќ запиша 12 поени.
Македонските младинци утре ќе се борат за деветто место на ЕП против победникот од мечот меѓу Босна и Херцеговина и Азербејџан.
Фото: КФМ