Раул ја доби битката со Лазаров, Алкалоид тргна со пораз

Алкалоид со пораз ја почна сезоната во Регионалната лига откако денеска на свој терен во Автокоманда загуби од Партизан со 31-39.

Натпреварот кој беше прв за Алкалоид во новото натпреварување донесе и битка на Кире Лазаров со Раул Гонзалес од спротивната страна и ова за нив беше прв меѓусебен натпревар од тренерската клупа.

 На крајот искусниот стратег ја однесе победата и на српскиот тим му ја донесе втората победа откако претходно Партизан загуби во Битола пред три дена.

Во најголем дел од натпреварот беше тесен, но гостите се одлепија во последните десетина минути од средбата кога темпото на Алкалоид значително падна, па славеа и убедлив триумф.

Костески кај Алкалоид беше најефикасен со шест гола, додека по пет постигнаа Стојкоски и Цехте. На спротивната страна одбраната на македонскиот претставник немаше решение за одличниот Дамјановиќ кој средбата ја заврши со десет гола.