Падна договор: Англиски голгетер прави трансфер од 60 милиони евра!

Англискиот репрезентативец Оли Воткинс ја напушта Астон Вила и кариерата ќе ја продолжи во Саудиска Арабија. 

Ал Хилал постигна договор со клубот од Бирмингем, а трансферот на 30-годишниот напаѓач ќе вреди повеќе од 60 милиони евра вклучувајќи ги и бонусите.

Според информациите на Фабрицио Романо, клубот од Бирмингем ја прифатил последната понуда вредна 58,4 милиони евра, плус уште два милиони евра преку бонуси. Вкупната вредност на трансферот така би можела да достигне 60,4 милиони евра.

Воткинс веќе претходно постигна договор со Ал Хилал околу личните услови, па по зеленото светло од Астон Вила останува само да се завршат формалностите за трансферот да биде потврден.

Англискиот напаѓач би требало да отпатува во Саудиска Арабија во текот на неделата, по што следуваат лекарските прегледи и потписот на договорот.