Синер и понатаму има проблеми, не може ниту да тренира!

Јаник Синер ќе мора уште некое време да биде без надвор од терените, а последните прегледи покажале дека не може ниту да тренира.

Првиот тенисер во светот, по новите прегледи на десното колено, добил препорака за целосен одмор од тениски тренинзи најмалку до 6 септември, па така тој ќе продолжи со рехабилитацијата поради која го пропушти и настапот на УС Опен.

Според информациите на италијанските медиуми, Синер нема потешка повреда, но воспалението на десното колено сè уште не е целосно санирано.

„Газета дело Спорт“ објави дека резултатите од прегледите го натерале Синер целосно да мирува во текот на оваа недела, а не е исклучено периодот без рекет да биде продолжен и во текот на следната недела. Најраниот датум за враќање на тениските тренинзи во моментов е 6 септември.

Синер тогаш би требало повторно да започне со работа на теренот, доколку состојбата на десното колено биде доволно добра.