Реал се разигра и го прегази Сосиедад, Мбапе блесна со хет-трик (ВИДЕО)
Во првиот дуел на „Сантијаго Бернабеу“ во сезоната избраниците на Жозе Мурињо одиграа многу подобро од претходното коло, а во центарот на вниманието беа Мбапе и Винисиус Жуниор. Францускиот голгетер го отвори резултатот во 40-тата минута, но Хрватот Сучиќ само четири минути подоцна стрелаше за израмнување.
Мбапе повторно на сцена стапи по еден час игра, кога на асистенцијата на Белингем го постигна вториот гол на средбата. Во листата на стрелци се запиша и Винисиус осум минути подоцна кога англискиот репрезентативец ја запиша и втората асистенција на средбата.
Точка на натпреварот стави Мбапе кој комплетираше хет-трик на десет минути пред крајот, Винисус во оваа ситуација беше во улога на асистент.
Во следното коло Реал Мадрид повторно има на домашен терен и тоа против Малага, додека Реал Сосиедад по двата порази првиот позитивен резултат ќе го бара против Еспањол.