Викинг го испрати Динамо во ЛЕ, тежок пораз за Левски и Серафимов во Атина! (ВИДЕО)

Динамо Загреб загуби на реваншот од плеј-офот од норвешки Викинг со 3-1, па така ќе се пресели во лигашката фаза од Лига Европа каде што ќе продолжи и Левски на Никола Серафимов кој на гости кај АЕК претрпе убедлив пораз од 4-0.

Хрватскиот гигант причината за елиминацијата може да ја бара во првиот натпревар кој го почна многу подобро и поведе со 2-0, а создаде и уште неколку одлични прилики, сепак дозволи на крајот Викинг да се избори за 2-2.

Сличен тек имаа настаните и вечерва Хоџа го отвори резултатот за водство на Динамо по десет минути игра, додека домаќините израмнија десет минути подоцна со погодокот на Трппиќ.

Второто полувреме Викинг го почна фуриозно и во 48-та и 50-та минута постигна два гола, стрелаа Аустбо и Мои со што си обезбедија место во најелитното европско клупксо натпреварување.

АЕК натпреварот со Левски го реши во првиот половина час кога еден гол постигна Лука Јовиќ и два Варга за 3-0. Во вториот дел конечниот резултат го постави Марин. Македонскиот репрезентативец Никола Серафимов на теренот ги помина комплетнјите 90 минути.

Во последниот натпревар кој се решаваше по продолжение, Слован Братислава на гости го победи Целје со 2-1 и така го пополни последното место во европската елита.

Место во елитата си обезбеди и Фенербахче кој на гости славеше над Лион со 2-1 откако претходно во Турција дуелот заврши без победник 1-1.

Турскиот гигант набрзина во првиот дел постигна два гола преку Мурикиќ и Браун во 24-тата и 28-та минута. Лион во вториот дел намали преку Фофана на истекот на еден час игра. До крајот на средбата уште двапати се тресеше мрежата на гостите, емѓутоа головите на Опенда и Буданче беа поништени поради недозволена позиција.