Урнебесен одговор на Зверев кон Алкараз: „Кога си глупав, тоа помага!“

​Александер Зверев на урнебесен начин му одговори на Карлос Алкараз во пресрет на почетокот на Лејвер купот во Лондон.

Германскиот тенисер неодамна го освои УС Опен, откако во финалето го совлада домашниот претставник. По последниот поен, Зверев не беше свесен дека мечот завршил, па дури по реакцијата на својот тим и публиката сфати дека станал шампион.

При средбата на тренинг пред почетокот на Лејвер купот, Алкараз го праша Зверев што му се случувало во главата во тие моменти.

„Гледав од дома, не ми беше јасно... Што точно се случи, на што мислеше?“, праша Шпанецот.

Зверев одговорил со доза самоиронија.

„Ништо не ми беше во главата. Кога си глупав, тоа помага“, се пошегува Германецот.

Алкараз веднаш реагираше и се обиде да ја објасни ситуацијата од друга перспектива.

„Не, не, не. Корисно е да не го знаеш резултатот во решавачкиот сет...“, му рекол тој.

Зверев потоа открил дека навистина не бил свесен за точниот резултат во завршницата од мечот.

„Да, мислев дека резултатот е 4-1. Ако знаев дека е 5-2, ќе бев многу нервозен“, призна Зверев.

Необичната ситуација на крајот му помогнала да остане смирен во најважните моменти и да стигне до големата титула на последниот Гренд слем турнир во сезоната.