„Потпишав во Саудиска Арабија за да ги обезбедам децата и внуците“

Еден месец по трансферот, Тијани Рејндерс отворено зборуваше за одлуката кариерата да ја продолжи во Саудиска Арабија, при што не крие дека финансискиот аспект имал значајна улога во неговиот избор.

Холандскиот фудбалер истакна дека по завршувањето на играчката кариера не сака да биде принуден повторно да работи, но и дека трансферот му овозможува долгорочно да ја обезбеди својата фамилија.

„Кога ќе ја завршам играчката кариера, не сакам повеќе да морам да работам. Секако, веројатно немаше да морам да работам ниту по истекот на договорот со Манчестер Сити, но овој трансфер ми овозможува да ја обезбедам иднината на следните генерации од моето семејство“, изјави Рејндерс.

Тој беше искрен и за финансиските причини зад својата одлука.

„Нема да лажам за тоа. Со потпишувањето на овој договор можам да обезбедам дури и моите внуци да бидат финансиски згрижени. Па, зошто да не го направам тоа?“, додаде холандскиот репрезентативец.

Рејндерс на тој начин јасно стави до знаење дека својата одлука не ја гледал само од спортски аспект, туку и како можност да обезбеди финансиска сигурност за своето семејство во долг временски период.