Мбапе со емотивна порака се збогува од Дешан: Луѓето не те почитуваа доволно!

Селекторот на Франција, Дидие Дешан по натпреварот за трето место на Светското првенство (СП) ќе замине од кормилото на „триколорите“, а претходно Килијан Мбапе испрати емотивна порака до стратегот.

Мбапе се збогува со Дешан преку социјалните мрежи и посочи дека некои луѓе никогаш доволно не го почитувале неговиот придонес за репрезентацијата.

„Требаше да ти подготвиме подобро збогување, но не успеавме. Тешко е да се опише со зборови колку помогна во последните 14 години. Беше клучен за успехот на Франција. Луѓето не те почитуваа доволно“, напиша Мбапе.

Фото: Équipe de France de Football