„Бомба“ од Англија: Челси постави клупски рекорд за еден од најдобрите во лигата!
Новинарот Фабрицио Романо објави вистинска „бомба“, откако во претходниот период Роџерс се поврзуваше со преселба во Арсенал, меѓутоа Челси реагираше брзо и го договори неговиот трансфер.
Роџерс ги договорил и личните услови, па ќе потпише шестгодишен договор, со опција соработката да биде продолжена до 2033 година.
Англичанецот минатата сезона настапи на 55 дуели за Астон вила во сите натпреварувања, а притоа постигна 14 голови и 12 асистенции.
Челси продолжи со скапите засилувања, односно постави нов клупски рекорд, откако ја надмина сумата на трансферите на Енцо Фернандез и Моисес Каиседо.
Фото: Chelsea Football Club