Англија во спектакуларен меч со 10 голови ја победи Франција (ВИДЕО)
Сè почна во третата минута со прекрасниот гол на Деклан Рајс, а продолжи со уште три погодоци на Англичаните во првото полувреме. Конса зголеми на 2-0 во 18. минута, а потоа Сака стрелаше уште два пати за предност од 4-0.
Франција се разбуди по кошмарното прво полувреме и за само 21 минута во вториот дел постигна три погодоци, и тоа два преку Мбапе и еден преку Бредли Барклона.
„Триколорите“ имаа шанси и за израмнување, меѓутоа Џордан Хендерсон успешно ја зачува својата шанса, по што Англија доби пенал во 87. минута, а Сака го реализира за да го комплетира неговиот хет-трик.
Драмата не запре со петтиот гол на Англија затоа што Франција тргна со сите сили во напад, а Осман Дембеле во финишот стрелаше за 4-5. Иако „триколорите“ се обидуваа да избегнат пораз, сепак Англичаните во осмата минута од судиското надополнување преку Џуд Белингам стигнаа до 6-4.
Мбапе со неговите два погодоци стигна до 22 голови на Мундијалите и стана најдобар стрелец во историјата, откако го остави Лионел Меси зад себе со 21 погодок, меѓутоа Аргентинецот игра финале против Шпанија.