Познати се составите: Канада и Јужна Африка се борат за осминафинале!

Фудбалерите на Јужна Африка и Канада вечерва од 21 часот ќе ја отворат нокаут-фазата на Светското првенство (СП).

Канада влегува во натпреварот како фаворит, па ќе има дополнителен притисок да ја оправда таа улога, а сега пристигна и составот со кој ќе настапи на мечот: Крепу, Корнелиус, Џонстон, Бомбито, Лариеа, Еустакио, Милар, Салиба, Дејвид, Олувасеи и Бјукенан.

Јужна Африка ќе настапи со Вилијамс, Мбокази, Модиба, Окон, Мудау, Мокоена, Ситхоле, Аполис, Мофокенг, Масеко и Макгола.

Натпреварот се игра вечерва во Лос Анџелес со почеток од 21 часот.

Фото: Canada Soccer