Босанците со закана кон САД: Кога ќе го разбудите змејот - готово е!
Дефанзивецот Тарик Мухаремовиќ испрати порака пред натпреварот од Мундијалот и кажа дека не се плашат од САД, кои ќе бидат големи фаворити во пресметката.
„Не ме интересира што зборуваат за нас, дали нè потценуваат. На крајот секогаш се извинуваат. Кога ќе го разбудите Змејот - готово е“, кажа Мухаремовиќ.
Натпреварот меѓу САД и БиХ се игра на 2 јули од 2 часот.
Фото: Nogometni savez Bosne i Hercegovine