Шок во Париз: Повредениот Синер загуби 18 од последните 20 гема и испадна од Ролан Гарос!
Светскиот рекет број еден имаше речиси добиен меч – водеше со 2-0 во сетови и 5-1 во третиот, па дури и сервираше за победа, но тогаш следуваше неверојатен колапс. Италијанецот загуби дури 18 од следните 20 гема, а сцените на теренот предизвикаа огромна загриженост. Синер едвај се движеше, се жалеше на мачнина.
„Не ми е добро, имам чувство дека ќе повратам“, ѝ кажал на судијката во еден момент од дуелот.
По краткиот разговор седна на клупата, а потоа со физиотерапевт го напушти теренот. Камерите претходно го уловија како ги масира нозете и бутовите, а во продолжението буквално не можеше нормално да трча. Коментаторите открија дека му бил мерен и крвниот притисок, додека неговиот тим видно загрижено го следеше од трибините.
Синер се врати по десетина минути, но очигледно беше далеку од своето ниво. Серундоло целосно ја презеде контролата, направи серија од 18 освоени поени и со неверојатен пресврт го елиминираше првиот фаворит за титулата. Ова е убедливо најголемото изненадување досега на годинашниот Ролан Гарос и тежок удар за Италијанецот, кој важеше за еден од главните кандидати за трофејот во Париз.
ФОТО: X / ATPTour