Ќе игра за Барселона, а негов идол е – Мурињо!

Ентони Гордон ако не се случи некој голем пресврт ќе биде нов фудбалер на Барселона, а веднаш потоа медиумите на Островот се потсетија што англискиот фудбалер зборуваше за Жозе Мурињо кој би можел да се врати на клупата на Реал Мадрид. 

Изјавите на Гордон следуваа по победата на Њукасл против Бенфика на Мурињо во Лигата на шампионите, натпревар во кој новиот напаѓач на каталонскиот гигант постигна прв гол и забележа асистенција.

По завршувањето на натпреварот, Мурињо му се обратил на Гордон, а англискиот фудбалер откри и што му кажал португалскиот стратег. 

„Дојде и ми кажа: Неверојатен си и тоа за мене е огромен комплимент, бидејќи како дете ми беше омилен тренер на целиот свет, за мене немаше друг како него.“, откри тогаш Гордон.

„Тој е дефанзивен тренер, но ми се допаѓаше начинот на кој ги води натпреварите. Клупата секогаш беше на нозе“, истакна напаѓачот.

Дополнително Гордон зборуваше и за начинот на кој Мурињо знае да создаде заедништво во екипата.

„Мурињо создава вистински тимски дух, чувство дека сме сами против целиот свет. Тоа го препознавам и во мојата игра, па затоа тоа беше голем комплимент… Многу ми значи. Дури и да не му се восхитував, комплимент од било кој тренер на ова ниво има голема вредност“, нагласи тој.

Интересно ќе биде да се видат нивните средби во „Ел Класико“ наредната сезона, секако ако најавите се остварат, како за Гордон така и за враќањето на Мурињо во Мадрид.

Фото: Newcastle/Benfica SL