Синер сервираше за победа, па се повреди и загуби сет по шест по ред гема за ривалот!

Најдобриот тенисер во моментов, Јаник Синер, се најде во центарот на вниманието на мечот од второто коло против Хуан Мануел Серендуло, но не поради играта, туку поради необичниот потег во третиот сет.

Италијанецот водеше со 2-0 во сетови (6-3, 6-2), а во третиот имаше предност од 5-3 и сервираше за победа. Сепак, при резултат 0:40 во гемот, Синер реши да го прекине мечот и да замине во соблекувалната. Токму овој момент предизвика бројни реакции, бидејќи ретко се случува тенисер да побара пауза во ситуација кога противникот има три брејк-топки. Дел од јавноста смета дека Италијанецот можел барем да го заврши гемот пред да побара медицински или тоалет-пауза.

Дополнително внимание привлече и фактот што Синер претходно имаше убедлива предност од 5-1 во сетот, пред Серундоло да се врати во играта и да внесе неизвесност. Аргентинецот на крајот освои 12 поени во низа и од 1-5 дојде до 7-5 во третиот сет продолжувајќи ја неизвесноста околу конечниот победник.