Нема да биде само Гордон: Флик побарал и напаѓач од 150 милиони евра
Според најавите од Шпанија, Ханси Флик сака моќен напад и поради тоа од раководството побарал доведување на уште еден голгетер.
За трансферот на Гордон Барселона ќе издвои сума од 70 милиони евра, а со бонуси таа би можела да достигне и до 80. Како главна цел за ново засилување во нападот во текот на летото засега останува Хулијан Алварез.
Аргентинецот и претходно се поврзуваше со Барселона, меѓутоа за него каталонскиот гигант веројатно би требало да издвои сума од околу 150 милиони евра. Инаку, како што се наведува Деко веќе одржал неколку состаноци со агентот на фудбалерот и работи на трансферот.
Фото: Barcelona FC