Толку беше од Кремонезе: Варди по една сезона повторно го менува клубот

Легендарниот Џејми Варди ќе го напушти Кремонезе по истекот на договорот на крајот од сезоната, пренесуваат италијанските медиуми.

Искусниот напаѓач се разделува со италијанскиот клуб по само една година, откако Кремонезе испадна во Серија Б.

На 29 настапи, англискиот фудбалер постигна седум голови и забележа три асистенции во елитното друштво на италијанскиот фудбал.

Варди минатото лето пристигна во Кремонезе како слободен играч по заминувањето од Лестер, со кој му истече договорот по испаѓањето на англискиот клуб од Премиер лигата.

Триесет и деветгодишниот напаѓач тогаш потпиша едногодишен договор, кој истекува на 30 јуни, по што повторно ќе има статус на слободен играч.

Во текот на сезоната клубот направи и тренерска смена, па Давиде Никола беше заменет со Марко Џампаоло, но ниту промената на клупата не успеа да го запре падот на екипата.

Италијанските медиуми наведуваат дека Варди би можел кариерата да ја продолжи во Англија, а на Островот не ја исклучуваат можноста за големо враќање во Лестер, кој следната сезона ќе се натпреварува во Лига 1, третото ниво на англискиот фудбал.

Фото: U.S. Cremonese