Рамос сакал да ги измами сопствениците, пропадна зделката за купување на Севиља
Имено, преговорите биле прекинати во средата кога Рамос се појавил со целосно различна понуда многу пониска од претходната. Тогаш актуелните сопственици одлучиле веднаш да се повлечат од сите преговори.
„Ова е најлошата понуда што некогаш сме ја добиле. Сакаа да ја купат Севиља за 100 милиони евра“, била реакцијата на сопствениците кога ја слушнале понудата.
Инаку, според претходните најави, договорот требало да биде вреден 440 милиони евра. Од таа сума 80 биле предвидени за докапитализација, 290 за акционерите и остатокот за враќање на нето долгот на клубот.
Сегашните сопственици дури прифатиле и продолжување на рокот за исплата, преземајќи ги сите загуби до финалното потпишување на договорот. Рамос уверувал дека ќе обезбеди гаранции за плаќањето, па затоа пресвртот во средата бил вистинско изненадување.
Сепак, на последните преговори новиот конзорциум ја намалил целата операција на 220 милиони евра и тоа 120 кои би биле вложени во докапитализација со што Рамос и неговите соработници би стенале власт од 42% од акциите.
Фото: Sevilla FC