Доаѓањето на Гордон нема да влијае на плановите: Барса има 385 милиони евра за трансфери

Како гром од ведро небо дојде информацијата дека англискиот репрезентативец Ентони Гордон од Њукасл е на чекор од потпис за Барселона, како прво засилување во пресрет на новата сезона.

Крилниот играч не се спомнуваше во ниедна шпекулација за каталонскиот клуб и особено е изненадувачки неговиот трансфер затоа што игра на позицијата лево крило каде Барса можеше да го откупи Маркос Рашфорд за само 30 милиони евра. Гордон ќе чини околу 80 милиони, но информациите од Каталонија велат дека неговото доаѓање, сепак, нема да влијае на плановите во пресрет на новата сезона.

Јасно е дека главна цел ќе биде трансфер на напаѓач, како замена за Левандовски и во фокусот се Жоао Педро и Хулијан Алварез и Барселона не отстапува од тоа. Наводно, шампионот на Шпанија има околу 385 милиони евра за трансфери ова лето што во голема мера се должи на враќањето на правилото 1:1

Ова не е потврдено од клубот, но штом за Гордон се планирани толку пари, а не се остварени главните цели, јасно е дека Барселона планира големи работи. Не е исклучено да дојде и Бернардо Силва кому му истече договорот со Манчестер Сити и може како слободен фудбалер да се пресели на Камп Ноу. За ова се прашува Ханси Флик кој смета дека има многу играчи од средниот ред во својот тим, па во следниот период ќе се одлучува за неговото евентуално доаѓање.