Ракометарите на Вардар денеска по последниот натпревар во сезоната против Бутел во кој славеа со 36-34 го добија и шампионскиот трофеј од Суперлигата.

Натпреварот со цел Вардар да прослави на домашен терен се играше во „Јане Сандански“, иако првенствено Бутел требаше да биде домаќин. Сепак, салата беше речиси празна и едвај стотина навивачи дојдоа да видат како нивните миленици ќе го кренат освоениот трофеј.

За Вардар ова е враќање на трофејот по пауза од три години и вкупнои 17-ти во првенството, сепак тоа како да не беше доволна покана за навивачите да дојдат во поголем број и да ги поздрават за одиграната сезона во која го освоија и Купот на Македонија.