Шкупи стана вирална сензација - сите светски медиуми јавуваат за срамот што чаирчани ѝ го нанесоа на Македонија!

Поранешниот македонски шампион Шкупи стана вирална сензација на интернет, откако ја заврши сезоната без ниту еден триумф и со само еден освоен по 33 одиграни кола во Првата лига.

Чаирчани испишаа црна страница во клупската историја со еден освоен бод и 130 примени голови, а за историскиот неуспех јавуваат сите светски медиуми преку социјалните мрежи.

Шкупи стана единствениот клуб во Европа, односно во лигите под УЕФА, кој ја завршил сезоната без ниту една победа.