Фудбалер без постигнат гол во 2026 година е главниот адут на САД на СП 2026!
Главната ѕвезда повторно е Кристијан Пулишиќ и покрај тоа што офанзивецот на Милан минува низ период без постигнат гол од крајот на декември 2025 година, оптоварен со повреди. Во средниот ред клучни улоги ќе имаат Вестон Мекени и Тајлер Адамс, додека големо внимание привлекуваат и Фоларин Балогун од Монако и Рикардо Пепи од ПСВ Ајндховен.
Посебно име на списокот е и Малик Тилман од Баер Леверкузен, кој по одличната сезона во Бундеслигата се очекува да биде еден од клучните играчи во походот на САД на Мундијалот. Американците групната фаза ќе ја отворат на 13 јуни против Парагвај, потоа следува дуел со Австралија на 19 јуни, а првиот дел од турнирот ќе го затворат против Турција на 26 јуни, со јасна цел – пласман во нокаут фазата.