Шампионката имала сообраќајка пред стартот на Ролан Гарос: Среќна сум што останав жива!

Актуелната шампионка на „Ролан Гарос“, Коко Гоф, имала крајно непријатна ситуација пред стартот на турнирот во Париз, откако доживеала сообраќајна несреќа на пат кон терените.

Американката и покрај тоа успеа без проблеми да ја победи сонародничката Тејлор Таусенд (6-4, 6-0), а по мечот откри дека подготовката за дуелот била целосно нарушена поради инцидентот.

„Имавме сообраќајна несреќа на пат кон терените. Полицијата ни рече да продолжиме, но кога излегов од автомобилот видов дека веќе не може да се вози“, изјави Гоф.

Таа откри дека на крајот морале да земат такси за да стигнат навреме на мечот.

„Само бев среќна што останав жива, што стигнав во еден дел. Искрено, поради сè што се случи и не размислував многу за натпреварот“, додаде Американката.

И покрај хаотичниот ден, Гоф одигра одличен меч и за само 78 минути обезбеди пласман во второто коло, каде ќе игра против Мајар Шериф. Американката призна дека високите температури во Париз не ѝ претставуваат проблем.

„Пораснав на Флорида, навикната сум на жештини. Понекогаш тренирам и напладне само за да се привикнам на такви услови“, порача Гоф.

Гоф го освои својот прв гренслем-трофеј на „Ју-Ес опен“ во 2023 година, а минатата сезона триумфираше и на Ролан Гарос.