Артета е тренер на сезоната во Премиер лигата - заслужено!

Микел Артета по 22 години му ја донесе шампионската титула на Арсенал во Премиер лигата, тој е прогласен и за тренер на сезоната.

Артета е првиот тренер на Арсенал кој ја добил наградата за најдобар на сезоната по Арсен Венгер кој последен пат беше прогласен во сезоната 2003/04.

Тактиката на Артета со која Арсенал играше оваа сезона, беше мета на критики на многумина, но очигледно таа даде успех.

Головите од прекини и дефанзивната игра не им се допаѓаа на оние кои сакаат поинаков фудбал, но стручните лица одлучија дека тој е најдобриот оваа сезона.