Барселона се збогува со една од своите најдобри фудбалерки во историјата (ВИДЕО)
Барселона објави дека 32-годишната Путељас ќе има проштален настан на „Камп Ноу“, нагласувајќи дека клубот сака да оддаде признание се што направи фудбалерката која беше пример и на теренот и надвор од него, и која одигра огромна улога во развојот на женскиот фудбал во Шпанија.
Путељас минатиот викенд ѝ помогна на Барселона да ја освои титулата европски шампион, четврта во последните шест сезони. За каталонскиот гигант одигра 507 натпревари, што е втор најдобар учинок во клупската историја, откако во 2012 година како 18-годишна пристигна од Леванте.
Вкупно постигна 232 голови што е клупски рекорд и освои вкупно 38 трофеи, меѓу кои четири титули во Лигата на шампионите и 10 шампионски титули во Шпанија.
Фото: Barcelona FC