Македонија има балкански вицешампион: Далија Стојановска освои сребро во Чапљина (ФОТО)

Македонската велосипедска репрезентација се враќа со медал од Балканското XCO првенство кое се одржа во Чапљина (БиХ), благодарение на одличниот настап на Далија Стојановска.

Младата велосипедистка во категоријата до 17 години го освои сребрениот медал, потврдувајќи ја својата квалитетна форма и успешно справувајќи се со сите предизвици што ги носеше натпреварувачката патека.

Покрај Стојановска, боите на Македонија на шампионатот ги бранеа и Марко Блажески, Мартин Спасевски, Алексеј Атанасовски и Благој Митрески, кои со своите настапи стекнаа значајно меѓународно искуство и достоинствено ја претставија државата.