Поранешен тренер на Вардар удри жестоко по Миленко: Сточарство, рамноземјаштво...

Еден од најпознатите македонски тренери Срѓан Захариевски жестоко удри по Миленко Неделковски кој претходно испрати провокација преку објава на социјалните мрежи.

Неделковски по освоената титула со Вардар со објава на неговиот Фејсбук профил сакаше да го понижи Захариевски, но и Горан Петрески и Горзад Михаилов кои претходно го водеа Вардар.

„Гоце V.S Горазд/Чунга/Срле - Бог и шеширџија“, стоеше во објавата на Неделковски на фотографија со Седлоски.

Захаривски му одговори со статус на социјалните мрежи.

„Почестен сум од денешната споредба, особено кога доаѓа од човек од сточарството за кој фудбалската топка сѐ уште е рамна. Мојата фудбалска биографија е беспрекорно чиста, со многу успеси како фудбалер и како фудбалски тренер во последните 14 години и така ќе остане. Јас верувам во еден Господ, а ти и твоите повеќе богови не се плашите од правда (зашто ја нема и тоа лично сум го осетил), ама на крајот на денот кармата стига кај секого.

Вардар е на ниво на држава и е над сите нас и ова ќе го надживее“, порача поранешниот тренер, но и фудбалер на Вардар.