Французин кој учел тенис во Белград ќе игра против Ѓоковиќ на Ролан Гарос!
Интересно е што овој Французин во јуниорските денови неколку години поминал во Белград каде учел тенис.
Со 14 години тој тренирал во академијата на Типсаревиќ и тој период оставил голем впечаток на него и влијаел на понатамошниот тек на кариерата.
„Јанко има многу високи стандарди. Кога ќе му кажете дека сакате да бидете меѓу првите 100 или сонувате да бидете меѓу првите 10, мора да ја поставите летвичката многу високо. Вашата дисциплина и работна етика мора да бидат исти“, вели 74. тенисер во светот.
„Најважната разлика во Источна Европа што се издвојува е работната етика. Тие не се плашат од работа. Најчесто овие момци играат тенис за да заработат подобар живот, а не за да се забавуваат. Тие навистина сакаат да успеат во тенисот. За нив тоа е малку како, работа или смрт. Тоа ми донесе дисциплина на која не се навикнати сите во Западна Европа“.
Фото: atptour.com