Винисиус и Рафиња покажале почит кон Нејмар и направиле голем гест!
Бројот 10 беше резервиран за Винисиус, а како втора опција за тој број беше Рафиња. Нејмар требаше да го носи бројот 13.
Но, Винисиус и Рафиња покажале почит кон нивниот легендарен сонародник и му ја отстапиле десетката.
Нејмар на Мундијалот во Бразил сепак ќе го носи дресот со бројот 10, благодарение на неговите соиграчи.