Оклахома по третпат го победи Сан Антонио и дојде на чекор до големото финале! (ВИДЕО)
Сан Антонио имаше добар влез во натпреварот, поведе и со осум поени разлика, беше 16-8 за тимот од Тексас, но како одминуваа минутите, работите се менуваа. По крајот од првата четвртина Оклахома веќе водеше со 29-27.
Откако го преземаа водството, домаќините не ја пуштија предноста, Сан Антонио не беше ниту близу до победа. Оклахома лесно го приведе мечот до крајот за конечна победа од 127-114.
Гилџус-Александер беше најдобар на теренот со 32 поени, имаше и девет асистенции, кај Сан Антонио прв стрелец беше Касл со 24 поени, Вембанјама реализираше 20.
На следниот меч од серија домаќин е тимот на Сан Антонио.