Барселона доби „корпа“ од Челси, па тргна по фудбалер на Њукасл
Барселона сакаше да го купи Жоао Педро од Челси, меѓутоа премиерлигашот соопшти дека Бразилецот не е на продажба и останува важен дел од лондонскиот гигант.
Екипата на Ханси Флик не чекаше долго пред да се насочи кон нов фудбалер, а наводно ќе оди на „сè или ништо“ по потписот на Ентони Гордон од Њукасл.
Гордон привлече интерес со неговите настапи за тимот од „Сент Џејмс Парк“, па освен Барселона, за него се заинтересирани и неколку премиерлигаши, но и Баерн Минхен.
Фото: Facebook/FC Barcelona