Војна во Манчестер за еден од најдобрите фудбалери на Нотингем Форест

Одличниот фудбалер на Нотингем Форест, Елиот Андерсон речиси сигурно ова лето ќе ја промени својата екипа, но се поставува прашањето кој ќе стигне прв до неговиот потпис, а очигледно најблиску се гигантите од Манчестер.

Новинарот Фабрицио Романо објави дека Манчестер јунајтед и Манчестер сити водат жестока борба за талентираниот фудбалер од редовите на Нотингем.

Андерсон има 23 години, а оваа сезона настапи на 38 натпревари во Премиер лигата, при што постигна четири голови и четири асистенции, а со тоа привлече голем интерес.

„Граѓаните“ наводно се поблиску до потписот на Андерсон, но „црвените ѓаволи“ вршат голем притисок во борбата.

Фото: Facebook/Nottingham Forest