Вест Хем испадна од Премиер лигата, ама не го отпушти тренерот!
„Чеканите“ во последното коло од сезоната забележаа победа против Лидс, но тоа не беше доволно за опстанок во елитното друштво на англискиот фудбал. Сезоната ја завршија со 39 бодови, што претставува најголем број бодови на екипа која испаднала од лигата во последните 15 години, пренесува Скај Спортс.
Одлуката за продолжување на соработката е донесена по разговорите меѓу управата на клубот и португалскиот стратег. Санто во септември ја презеде екипата од Греем Потер и потпиша тригодишен договор, кој содржеше клаузула за раскин без обештетување во случај на испаѓање. Сепак, клубот и тренерот се договориле да ја продолжат соработката, а од Вест Хем порачаа дека целта е јасна – враќање во Премиер лигата веќе по првата сезона во Чемпионшип.
Во клупското соопштение се истакнува дека Нуно изразил целосна посветеност на проектот, додека управата верува дека постојат видливи знаци на напредок и подобрување во играта, и покрај тешката сезона. Се потсетува и на неговиот успех во Чемпионшип во 2018 година, кога со Вулверхемптон освои титула и избори пласман во Премиер лигата со 99 освоени бодови.
Санто оваа сезона го водеше Вест Хем на 37 натпревари и забележа 12 победи. Во клубот пристигна откако Потер во првите шест кола запиша пет порази. Претходно во кариерата ги водеше Рио Аве, Валенсија, Порто, Вулверхемптон, Тотенхем, Ал-Итихад и Нотингем Форест.