На повидок скандал: Отворена истрага против ФИФА пред Мундијалот!
Главната обвинителка на Њу Џерси, Џенифер Девенпорт, целиот процес го опиша како голгота од конфузија, лажен недостиг и невозможно високи цени, пренесува британскиот јавен сервис.
Таа најави темелна истрага за однесувањето на ФИФА, а организацијата веќе добила судски налог за доставување информации и интерни документи.
Соопштението беше објавено заедно со главната обвинителка на Њујорк, Летиција Џејмс, како и Одделот за заштита на потрошувачи и работници на градот Њујорк.
Комесарот на ова тело, Самуел Левин, порача дека институциите многу сериозно ќе ги сфатат обвинувањата за очигледно манипулативно однесување и ќе ги испитаат наводите за вештачко пумпање на цените.
Од ФИФА, меѓу другото, било побарано да објасни и зошто билетите достигнале цени повисоки од кое било претходно Светско првенство.
Фото: FIFA