Ноле и на 39 години игра страшен тенис – со спектакуларен поен ја крена публиката на нозе! (ВИДЕО)

Новак Ѓоковиќ против Французинот Валентин Роје уште еднаш покажа дека и на 39 години може да игра спектакуларен тенис.

При водство од 2-1 во четвртиот сет Ѓоковиќ на фантастичен начин успеа да врати една тешка топка и да го освои поенот. Српскиот тенисе ги доби првите два сета, но потоа Роје успеа да биде подобар во третиот.