Ѓоковиќ по речиси четиричасовна борба скокна уште една пречка во Париз!

Новак Ѓоковиќ се пласираше во следната рунда на Ролан Гарос со победа од 3-1 против Французинот Валентин Роје по борба која траеше три часа и 47 минути.

На жешкото време во Париз, Новак тргна силно бидејќи сигурно сакаше да ја заврши работата побрзо и поведе со 2-0 во сетови. Во првиот гем му дозволи на 74. тенисер на АТП листата само три гема, а во вториот два.

Сепак, во третиот дојде до пад во играта на Новак. Тука Французниот даде најголем отпор и гемот траеше дури еден час и 19 минути. На крајот Роје успеа и да го освои со 7-6 откако во тај-брејкот беше 7-6.

Сепак, Ѓоковиќ не дозволи изненадување и четвртиот сет го доби со 6-3 за конечна победа.

Фото: ROLAND-GARROS